Карим Адејеми не сака да оди во Барселона, туку во Борусија Дортмунд. Колку и да звучи неверојатно, младиот германски напаѓач наводно проценил дека е подобро да замине во Дортмунд во овој момент, наместо во Барселона.
Адејеми на тој начин ќе дојде во „Сигнал Идуна парк“ како замена за Ерлинг Халанд, кој на лето сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд. Неговата откупна клаузула од 1 јули ќе изнесува 75 милиони евра и големите европски клубови сигурно ќе сакаат тоа да го искористат.
Борусија Дортмунд ќе плати 35 милиони евра за Адејеми и со тоа повторно ќе заврши одлична работа.
Инаку, Адејеми порасна во Баерн Минхен, таму никогаш не доби вистинска шанса, па преку Унтерахинг пристигна во Салцбург летото 2018 година. Иако има само 19 години, тој веќе одигра 76 натпревари за Салцбург, постигна 25 гола и запиша 17 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













