
Актуелниот првак Шкендија испадна од трката за едниот трофеј откако доживеа неочекувана елиминација на пенали од Стргуга ТЛ во Купот на Македонија, па сега избраниците на Бруно Акраповиќ сите сили ќе ги насочат кон првенството. А таму имаат сериозно бодовно заостанување зад лидерот Шкупи.
Денеска тетовци го пречекуваат Пелистер, последнопласираниот тим на табелата, но голманот Костадин Захов, вели дека мечот го сфаќаат максимално.
„Ова е натпревар кој дефинитивно треба да го победиме, сега сме фокусирани само на шампионатот. Во нашите редови имаме многу квалитетни играчи кои можат да решат натпревар во секој момент. Затоа, верувам дека против Пелистер ќе ги собереме посакуваните три бода и ќе ја продолжиме серијата победи во првенството. Сепак, мора да бидеме фокусирани и последната позиција на Пелистер не смее да не залаже“, вели Захов.
Академија Пандев ќе има тежок дуел против Брегалница. Тимот на Александар Васоски е во голем налет, а струмичани веруваат дека ќе ја одржат победничката атмосфера.
Лидерот Шкупи гостува на Автокоманда и најавува триумф, а Струга Трим Лум е домаќин на Тиквеш и после пласманот во полуфиналето на Купот ќе се обиде да влезе во серија. Во Велес, силите ќе ги одмерат Борец и Македонија ЃП.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 16.КОЛО (13 часот)
СКОПЈЕ – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ТИКВЕШ
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
