Работнички во премиерата на 16.коло во Првата фудбалска лига денеска (13 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Ренова. Мотивите се огромни да се стави крај на негативната серија и конечно да се освојат три бода. Тоа го потенцира и голманот Ристе Јанков.
„Имаме квалитет, работевме напорно изминатата недела и се надевам дека пред се ќе ја сочуваме мрежата мирна. Сите сме максимално фокусирани да оствариме позитивен резултат затоа што бодивите ни се навистина потребни. Верувам дека напорната работа и квалитетот конечно ќе дојдат до израз и дека ќе ги освоиме бодовите“, вели чуварот на мрежата на „романтичарите“ за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот меѓу Работнички Ренова ќе го суди Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а ќе му помагаат Драган Трпчевски и Душко Панов. Четврти судија е Никола Иванов од Велес. Делегат на натпреварот е Гоце Маркоски од Охрид, а контролор на судењето ќе биде Марјан Кировски од Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski