Шкупи чекори според планот. Дури и кога ќе им се „лизне“ едно послабо полувреме, во следното надополнуваат со камата. На таков начин фудбалерите на Гоце Седлоски го совладаа тимот на Струга Трим Лум, постигнувајќи четири гола во вториот дел. Блескаше Сандеј Адетунџи со два погодоци.
Робусниот напаѓач е едноставно незадржлив за противничките одбрани. Физичките карактеристики му се беспрекорни и му носат предност во однос на ривалите, а тој покажа дека има сенс за постигнување голови.
Со своето издание на мечот против Струга Трим Лум, Сандеј Адетунџи го заслужи изборот за МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на 15.коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО во врвот на нападот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal