
Лидерот на табелата во Првата фудбалска лига, тимот на Шкупи, повторно има четири бода предност на врвот во однос на Академија Пандев откако убедливо ја совлада Струга Трим Лум со 4-0. Домаќинот доминираше на Чаир, па иако стружани одолеаја во првото полувреме, сепакм на крајот си заминаа со полна мрежа голови. Сандеј Адетунџи беше двоен стрелец, а погодија и Фаустин Сенгор и Кире Маркоски.
Шкендија го освои Ѓорче Петров откако ја совлада Македонија ЃП со 1-2. Синдрит Гури во 11.минута донесе водство за гостите, а „лавовите“ во 25.минута останаа без Филип Мишевски кој доби два жолти картони и беше исклучен.
Аденис Шала во 77.минута зголеми на 0-2, а мала надеж за домашните даде голот на Абу Камара во 83.минута.
Работнички повторно е поразен, овојпат на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци. Анаел Нгоба во 35.минута со одличен волеј – удар донесе предност за домаќинот, а Адиз Спахиу во 69.минута искористи грешка во одбраната на „романтичарите“ и зголеми на 2-0.
Брегалница со пресврт дојде до триумф (2-1) против Борец. Крста Ѓорѓевиќ во четвртата минута ги изненади штипјани, но Кристијан Ацковски израмни пред самиот крај на првото полувреме. Во 79.минута, Марјан Алтипармаковски го постигна победничкиот гол за Брегалница.
Пелистер и Скопје ремизираа без голови, а вчера Академија Пандев ја совлада Ренова во Тетово со 1-2.
ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 4-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1-2
БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ 2-1
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 2-0
ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ 0-0
ВЧЕРА: РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
