Каменица Саса убедливо го доби (3-0) дербито против Победа во Втората лига Исток и предзвика нова промена на врвот на табелата. Сега Слога Виница е повторно лидер.
Никола Божинов во 42. минута донесе водство за Саса, а Ненад Нешовски зголеми на 2-0 во 65. минута. До крајот Дарко Алексовски постигна и трет погодок во 81. минута.
Слога Виница со победата над Локомотива (3-0) се врати на врвот на Iстокот. Иван Митров погоди од пенал во 40.минута, потоа гостите си постигнаа и автогол преку Иванов, а Христијан Крклински во 87.минута го постави конечниот резултат.
Беласица со голот на Зоран Митевски во 82.минута оствари триумф на гости против Кит Го, а Кожуф и Детонит јуниор ремизираа 1-1. Осогово на гости беше убедлив против Братство (2-4).
На табелата Слога Виница е лидер со 28 бода, два помалку има Победа Прилеп, додека Каменица Саса по ова коло има 24 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













