Connect with us

Карпин: Сите ја посакуваат Македонија за ривал во баражот, но…

Фудбалската репрезентација на Македонија в петок ќе го дознае патот по кој ќе треба да оди за да се пласира на Светското првенство во Катар. Како неносиител, а и со реално најслаб ранкинг, сите останати селекции ја посакуваат токму Македонија за прв ривал во баражот.


Тоа го потенцира и селекторот на Русија, Валери Карпин, но и потенцира дека нашиот национален тим воопшто не е за потценување.

„За нас веројатно тоа би било идеален ждреб, да ја добиеме Македонија во полуфиналето во баражот. Сите ја сакаат Македонија за ривал, не само ние. Но, мора да кажам дека тоа воошто не е селекција за потценување. Да, има најслаб рејтинг пред ждребот, со оглед на звучните имиња на другите репрезентации, но секако ќе мора фаворитската улога да се оправда на терен“, изјави селекторот на Русија.

Русите во последен момент се лизнаа за директен пласман на СП во Катар откако загубија од Хрватска на „Пољуд“ со 1-0, и тоа со автоголот на Кудриашов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови