
Вардар се надева дека може на Силекс да му го нанесе првиот пораз во шампионатот во Втората лига Запад. Големото ривалство кое датира од периодот кога овие два клуба беа на врвот на македонскиот фудбал сега е пренесено во битката за враќање во елитата.
Кратовци имаа многу поуспешен старт во второлигашката конкуренција, имаат девет победи и само едно реми во десетте кола, а сакаат секако да останат непоразени и на денешното гостување (13 часот) на комплексот на ФФМ. Вардарци се престроија, новиот тренер Никола Глигоров го стабилизираше тимот и сега амбициите се да се освои барем второто место кое носи бараж за влез во Првата лига.
Но, тука сериозно во трката е и Воска Спорт, новиот амбициозен второлигаш кој во моментов има еден бод повеќе од Вардар и ја чува втората позиција. Денеска Воска Спорт, повторно со Раде Цицмиловиќ на кормилото ќе му гостува на Кораби во Дебар.
Гостивар ја пречекува Велешта, Тетекс е домаќин на Беса, а Охрид Лихнидос ќе го нагости Кадино.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
