
Шкендија и официјално го промовираше Португалецот Алдаир Нето како свој нов фудбалер, потпишувајќи договор до крајот на сезоната.
25-годишен крилен офанзивец е ангажиран откако успешно го мина декемврискиот тест-камп во клубот. Од 29 фудбалери колку што беа на кампот, Шкендија го одбра Алдаир Нето. Потпиша шестмесечен договор со Шкендија, со можност за продолжување на истиот.
„За мене е чест што бев одбран и што потпишав договор со Шкендија. Ми се допаѓа начинот на кој игра Шкендија, за која знам дека е голем клуб. Првиот ден кога пристигнав тука минатата година го следев натпреварот со Вардар и видов дека имаме навистина добар тим. Ова ќе биде голем предизвик за мене“ – вели Нето.
Претходно во својата кариера Нето, кој потекнува од фудбалската школа на португалска Брага, има настапи и за Маритимо во португалското првенство како и Бангор сити во велшкото првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
