Connect with us

Вардар означи почеток на зимските подготовки

Фудбалерите на Вардар, под водство на шефот на стручниот штаб Александар Васоски, означија денеска почеток на зимските подготовки.

На првиот собир единствено недостасуваше левокрилниот дефанзивец Реис Жуниор. Васоски од првиот ден располагаше со сите останати фудбалери од есенскиот дел.

„Мора да искажам задоволство што ќе бидеме со истиот состав како од есенскиот дел. Факт е дека ќе биде многу потешко да ги одбраниме оние осум бода предност затоа што сега противниците нема да влегуваат со еден вид потценување кон нас поради подмладениот состав. Но, јас силно верувам во овие момци, па нашата цел секако останува одбрана на предноста и освојување на шампионската титула“ – истакна Васоски.

По првата фаза од подготовките, Вардар ќе патува во Анталија каде е планирано одигрување квалитетни тест дуели со Динамо Киев, Црвена Звезда, Хајдук, Борац Бања Лука…

„Јасно е дека ќе имаме повеќе од квалитетни пријателски средби кои ќе ни покажат до каде сме. До почетокот на февруари, кога е генералката со Мура, ќе имаме подобра слика околу тоа што не очекува во пролетниот дел“ – вели тренерот на Вардар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови