Connect with us

Милан Ристовски стрелец за Спартак Трнава, реми за Елмас и Наполи

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски беше стрелец на погодок во триумфот на Спартак Трнава (0-2) на гости против Микулаш. Тој го постигна вториот гол за својот тим во 70.минута, а потоа и беше повлечен од игра.

Елиф Елмас доби половина час во дресот на Наполи на домашен терен против Верона (1-1). Гостите останаа со двајца фудбалери помалку, но, сепак, успеаја да освојат бод на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови