Амбциозниот второлигаш Воска Спорт загуби на домашен терен во Охрид од Гостивар со 0-1. Иако домаќинот важеше за голем фаворит, сепак, на крајот остана без бодови.
По натпреварот, тимот на Воска Спорт го нападна судијата Никола Иванов за лошо судење.
“На кого му смета Воска Спорт? Драги љубители на фудбалот и многубројни навивачи што денес беа присутни на градскиот стадион Билјанини Извори во Охрид, да кажеме дека не бараме алиби за нашите промашувања или за нашата слабост на моменти. Сепак, мораме да го споменеме катастрофалното судење на таканаречениот судија Никола Иванов кој остави црн белег на денешниот натпревар. Ја замолуваме Судиската организација при ФФМ да се преиспита пред да делегира вакви “недораснати” судии како горенаведениот таканаречен судија“, истакнаа од Воска Спорт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













