Лидерот Шкупи игра во одлична форма во Првата македонска фудбалска лига, а сака низата да ја продолжи и на денешното гостување во Ѓорче Петров против Македонија ЃП. Фудбалерот за врска, Фреди Алварез, вели дека тимот од Чаир го очекува тежок натпревар, но верува во освојување на нови три бода.
„Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но ние имаме една цел – да освоиме три бода. Исто така наша цел е да ги израдуваме нашите навивачи, бидејќи тие го заслужуваат тоа. Натпреварот против Македонија ЃП ќе биде тежок, ќе играме против квалитетен противник, но ние сме подготвени да го дадеме максимумот“, изјави Фреди Алварез.
Ренова во тетовското дерби ќе се сретне со Шкендија, Работнички на Националната арена го пречекува тимот на Академија Пандев, а Пелистер е домаќин на Струга Трим Лум.
Брегалница планира три дома на домашен терен против Скопје, а Тиквеш во Кавадарци ќе игра против Борец.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 13.КОЛО (13 ЧАСОТ)
РЕНОВА – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ТИКВЕШ – БОРЕЦ
БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ
ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













