Украинската фудбалска легенда и доскорешен селектор на оваа земја, Андриј Шевченко, би можел да биде новиот тренер на Горан Пандев во Џенова. Тој треба да го замени актуелниот тренер Давиде Балардини кој не ја стартуваше новата сезона со Џенова според очекувањата.
Шевченко со успех ја предводеше Украина на Европското првенство, но потоа замина од кормилото на националниот тим. Оттогаш е без ангажман, а италијанските медиуми најавуваат дека би можел да пристигне на клупата на Џенова.
Џенова има само една победа во 11 кола во Серија и со освоени девет бода се наоѓа на 17.позиција. Синоќа Џенова одигра 2-2 на гостувањето кај Емполи, а Горан Пандев остана на клупата за резерви.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal