Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров забележа убедлив пораз на првиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. „Лавовите“ денеска играа против украинскиот тим Олександрија и загубија со 5-0.
Вантух во 13.минута донесе водство за Олександрија, а во вториот дел тимот на Наџи Шенсои прими уште четири гола.
Грицук од пенал во 55.минута зголеми на 2-0, Шастал беше стрелец на следните два гола во 69. и во 86.минута, а серијата голови ја затвори Безбородко со втор пенал во корист на украинскиот состав.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement