Шпанскиот стратег Унаи Емери нема да го напушти Вилјареал за да се пресели на клупата на Њукасл, откриваат шпанските медиуми. Иако од Островот дојдоа информации дека Емери синоќа го имаше последниот меч на клупата на Вилјареал и дека од денеска се сели на кормилото на Њукасл, сепак, тоа е далеку од завршена работа.
„Има интерес од Њукасл, меѓутоа јас размислував само за натпреварот на Вилјареал против Јанг Бојс во ЛШ“, изјави Емери.
За заминувањето на Емери од Вилјареал не е информирано ниту раководството на клубот. Најверојатно Њукасл ќе мора да ја продолжи потрагата по нов менаџер откако се раздели со Стив Брус. Новите богати сопственици не сметаа дека ќе се соочат со вакви проблеми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal