Connect with us

Лоши вести: Агуеро ќе мора да паузира најмалку три месеци

Барселона доби лоши вести за Серхио Агуеро. Аргентинецот ќе го нема најмалку во наредните три месеци.
Каталонскиот тим одигра само 1-1 на домашен терен против Алавес во 12. коло од Ла Лига, а натпреварот предвреме го заврши Серхио Агуеро во 41. минута.

Тој се фати за гради, а потоа погледна исплашено во соиграчите што им сигнализираше дека нешто не е в ред. Тој се пожали на отежнато дишење, а Барселона подоцна објасни дека Агуеро почувствувал болка во градите и итно бил префрлен во болница, каде што ги направил сите кардиолошки тестови за да се открие можен посериозен проблем.

Беше утврдено дека има аритмија и дека ќе мора да оди на детални испитувања, а нема да може да игра најмалку во наредните три месеци.

Агуеро одигра само 165 минути во пет натпревари за клубот откако пристигна во Барселона. Тој постигна еден гол за каталонскиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови