
Aнглискиот премиерлигаш Арсенал сака да го засили нападот со српскиот интернационалец Лука Јовиќ од Реал Мадрид. Тој би можел да пристигне како позајмен играч во јануари, а по завршувањето на сезоната и комплетно да се пресели на „Емирати“ во Лондон. Јовиќ треба да биде замена за Александре Лаказет.
На Французинот му истекува договорот наредното лето, па во клубот бараат негов наследник. Јовиќ во Реал Мадрид пристигна во голем трансфер летото 2019 година, но не успеа да ги оправда очекувањата.
„Топчиите“ веќе дале првична понуда, позајмица на Јовиќ во јануари, со можност за откуп на крајот на сезоната за 25 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
