Connect with us

Чави во четврток ќе биде промовиран како тренер на Барселона?

Навивачите на Барселона со нетрпение го очекуваат враќањето на Чави Хернандез на клупата на каталонскиот клуб, а поради сплет на необични околности, поранешниот фудбалер најверојатно ќе дебитира на градското дерби против Еспањол.


Според каталонските медиуми, Чави треба да биде официјално промовиран во четврток во Барселона, клуб за кој настапуваше до 2015 година. Многу мали се шансите тој да биде на клупата против Селта во Виго, гостување планирано за в сабота, иако се очекува дотогаш да биде промовиран.

Претходните денови имаше големи тензии меѓу Ал Сад и Барселона, катарскиот клуб ја отфрли можноста за соработка, но Чави се очекува сепак да пристигне на „Камп Ноу“. Инаку, шеикот кој е сопственик на Ал-Сад барал директни преговори со претседателот на Барселона, Хоан Лапорта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови