Нуно Еспирито Санто доби отказ во Тотенхем, а италијанскиот стратег Антонио Конте се наведува како прв фаворит за негов наследник. Поранешниот тренер на Челси, Јувентус и Интер, како и селекторот на Италија, наводно е веќе на пат за Лондон каде треба да се сретне со челниците на лондонскиот клуб за да потпише договор.
Тотенхем во саботата на домашен терен загуби од Манчестер Јунајтед со 0-3 и сега има дури десет бода помалку од лидерот Челси. Тоа му пресуди на Нуно Еспирито Санто кој дојде пред само четири месеци.
Италијанскиот стручњак веќе соработуваше со актуелниот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи, во редовите на Јувентус. Ова може многу да ги олесни преговорите. Конте бара план за следниот преоден рок, како и долгорочен договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













