
Јувентус е во очај по најновиот пораз од Верона. Веќе не е сигурен ниту Масимилијано Алегри на клупата. Никој не веруваше дека неговото враќање на кормилото на „старата дама“ ќе биде испратено со толку лоши резултати.
Според италијанските медиуми, челниците на Јувентус сериозно размислуваат и да му се заблагодарат на Масимилијано Алегри за соработката. Навивачите се гневни, а раководството на клубот го посакува Зинедин Зидан за нов тренер на тимот. Се споменуваат и Конте и Гатузо, но Зинедин Зидан е примарна цел на управата на „бјанконерите“.
Популарниот ЗиЗу го носеше дресот на Јувентус од 1996 до 2001 година. Потоа се пресели во Реал Мадрид за тогаш астрономски 77 милиони евра. Тој беше неверојатно успешен како тренер на Реал во два мандати.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција
