Последниот тренингот на Барселона поминал со многу напнатост и молк откако фудбалерите се пожалиле на новиот в.д. тренер, Серхи Бархуан. Се вели дека на играчите не им се допаднале коментарите на Шпанскиот стратег по ремито на Алавес од 1-1.
“Тоа е тоа. Не може да се направи ништо повеќе“, рече Бархуан тогаш. Според играчите на каталонскиот тим, привремениот тренер само ја повторува лошата и поразителн реторика на Роналд Куман, се вели во шпанските медиуми.
Во меѓувреме, Бархуан треба ќе предводи првиот тим на Барса и на натпреварот против Динамо Киев. Се очекува тој да остане на чело додека не пристигне постојан тренер, а најголем фаворит за таа функција, е легендата на клубот, Чави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal