
Повредите го спречија да го покаже сиот свој раскошен талент. Но, иако има 35 години, Џузепе Роси не се откажува. Тој се уште сака да игра фудбал и да ужива во играта.
Според италијанските медиуми, поранешниот член на Парма, Манчестер Јунајтед и на Фиорентина во понеделник и официјално ќе стане нов член на СПАЛ.
СПАЛ го купи американскиот бизнисмен Џо Такопина. Тимот има амбиции да се врати во Серија А и клубот верува дека Роси е идеалниот човек за тој проект.
Роси е дете на Парма. По банкротот на „Пармалат“ во 2004 година, тој потпиша за Манчестер Јунајтед. Подоцна играше за Вилјареал, Њукасл, Леванте, Џенова, Фиорентина, Селта…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
