
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас игра одлично во дресот на Наполи оваа сезона, а тимот на Лучијано Спалети делува како победничка машина во првиот дел од шампионатот во Серија А. Сепак, засега „напполитанците“ не се осмелуваат премногу да зборуваат за „скудетото“.
„Скудетото? Сè уште е рано да се зборува за тоа, има тимови како Милан и Интер кои се навистина сериозни и ништо нема да се знае до крајот на првенството. Ние размислуваме само за победа на секој нареден натпревар“, вели Елмас.
Со доаѓањето на Спалети многу работи се променија на подобро, и за статусот на Елмас, но и за Наполи како тим.
„Ние сме сега еден одличен тим и одиме напред. Во споредба со минатата година, многу работи се сменија. На теренот сега играме како вистински тим и играме сите, размислуваме како една личност и затоа сме посилни. Тренерот ми даде поголема самодоверба и се надевам дека ќе возвратам со уште подобри игри“, коментира македонскиот репрезентативец.
Елмас е тип на играч кој би го посакал секој тренер. Поливалентен фудбалер кој може да одговори буквално на секоја улога на теренот.
„Омилена улога – вели тој – ми е да бидам играч од средниот ред, но можам да играм навистина на сите позиции. Само сакам да направам добри работи за тимот. Не е важно дали играм малку, дали играм повеќе и на која позиција. Најважно е тимот да оди напред. Така оваа сезона размислуваме сите во Наполи“.
На крајот, Диего Марадона секако е божеството кое стои како фудбалски заштитник над Неапол.
„Марадона? Тој е секогаш одличен и останува единствен во Неапол и во целиот свет. Би било идеално доколку на фудбалскиот бог му ја донесеме титулата“, заврши Елиф Елмас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
