
Барселона продолжи да распродава бодови оваа сезона. Синоќа Алавес освои бод на „Камп Ноу“ по ремито 1-1.
„Многу лош резултат, сакавме да освоиме три бода пред нашите навивачи. Ова е лошо и неприфатливо за Барселона“, изјави Жорди Алба, еден од капитените на Барселона.
„Се обидуваме да ги надминеме овие тешки моменти, да бидеме подобри од натпревар во натпревар, но ни недостасува реализација. Мораме да напредуваме во сите сегменти од играта и потоа ќе има бодови и подобри резултати. Убеден сум дека ќе излеземе од кризата.”
Барселона во последните три кола освои само еден бод и по 11 одиграни натпревари во Ла Лига се наоѓа на деветтото место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција
