
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри јасно предупреди дека “бјанконерите” треба да ја прифатат реалноста дека се екипа која, според него, припаѓа на средина на табелата. По среднонеделниот пораз од Сасуоло, Јуве претрпе нов изненадувачки пораз од 2-1, овојпат од Верона, остувајжи само на еден освоен бод во последните три кола.
Тимот на Алегри заостанува 13 бода од водечките Наполи и Милан, а двата непоразени тимови во Серија А оваа сезона, утре имаат шанса да ја зголемат разликата за уште три бода. “Зборовите се бесмислени во моментов. Ние сме во лоша ситуација, мора да ја прифатиме реалноста дека во моментов, сме тим кој чие место е на средината на табелата. Можеме да излеземе од оваа ситуација со малку повеќе одлучност и квалитет“, изјави италијанскиот стратег по натпреварот.
“Ќе се извлечеме од оваа ситуација. Нема смисла да се сожалуваме, тоа нема да помогне, само треба да се фокусираме на она што треба да го направиме и тогаш работите ќе се средат. Работите не одат секогаш како што сакате во фудбалот. Верона знаеше дека така мора да игра добро за да го победи Јувентус. Нашата грешка беше што претпоставивме дека сме подобри од Верона, а моментално, не сме. Мора да бидеме реални“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
