
Баерн Минхен без проблем се враќа од гостувањето во Берлин каде го “торпедираше” Унион Берлин со конечен резултат од 5-2. Во период од осум минути, Левандовски двапати се запиша во листата на стрелци за лидерот на табелата во Бундес – лигата и актуелен шампион.
Првиот погодок го постигна од удар од белата точка во 15. минута, а потоа, во 23. минута, го зголеми водството на својот клуб по еден одлично изведен тимски слободен удар. На ова, подоцна се надоврзаа Сане, Коман и Милер, додека пак за домашниот состав, стрелци беа Гиселман во 43. минута и Рајерсон во 65. минута.
Во меѓувреме, се чини дека засега не се чувствува отсуството на Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд, со оглед на тоа што “црно-жолтите” триумфираа со 2-0 против Келн. Натпреварот го отвори Торган Азар на само пет минути до паузата за полувреме. Иако поседот на топка не беше на страната на потполни изиграната Борусија, сепак, резултатот го запечати младиот напаѓач, Штефен Тигес во 64. минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
