
Шкендија неочекувано „киксна“ против Тиквеш во Тетово играјќи 1-1. Сега актуелниот првак има дури 11 бода негатива во однос на лидерот Шкупи.
Флорент Рамадани во 44.минута постигна гол за Шкендија по една прекрасна тимска акција, но Урош Мирковиќ во 83.минута погоди за израмнување.

Работнички славеше триумф (0-1) на гости против Борец. Стрелец на победничкиот гол беше Димитар Тодоровски во 63.минута. Тој реагираше одлично на повратната топка од левата страна и со силен шут од пеналтикот ја погоди мрежата на домаќинот.

Македонија ЃП лесно излезе на крај со Пелистер (0-2) и ја продолжи мизеријата на битолскиот тим. Сефер Емини во третата минута постигна прекрасен гол за водство на „лавовите“, а Кристијан Филиповски во 37.минута ја удвои предноста.
Струга Трим Лум и Академија Пандев одиграа без голови, а ремизираа и Скопје и Ренова на дуелот на Автокоманда.
Вчера, Шкупи ја совлада Брегалница со 5-0.
ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-1
СКОПЈЕ – РЕНОВА 0-0
ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2
БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 0-1
ВЧЕРА: ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 5-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
