Чави Хернандез ќе биде нов тренер на Барселона. Тој им соопштил на фудбалерите на Ал-Сад дека го напушта тимот и дека ќе се врати на „Камп Ноу“ за да ја преземе Барселна. Легендарниот играч за врска прво изјави дека е исклучиво фокусиран на својата работа во Ал-Сад, но од Каталонија доаѓаат поинакви информации.
Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека Чави ги договорил сите услови со Барселона и дека многу брзо треба и официјално да биде претставен како нов тренер на клубот од „Камп Ноу“.
„Спорт“ додава дека Чави веќе се простил од своите играчи во Ал-Сад, најавувајќи дека заминува во Барселона. Чави официјално треба да ја преземе клупата на Барселона на 4 ноември, а два дена подоцна би можел да дебитира на клупата на гостувањето кај Селта во Виго.
Чави е тренер на катарскиот клуб од летото 2019 година и го водеше на 89 натпревари.
Секако, Чави е една од најголемите легенди во историјата на Барселона, а за овој клуб запиша 767 натпревари на кои постигна 85 голови и подели 185 асистенции.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski