
Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман треба да го предводи баварскиот клуб во вторник на натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика, откако минатата недела беше позитивен на коронавирусот.
Ако се оди според планот, ќе бидам на клупата“, изјави денеска Нагелсман преку видео конференциска врска.
Според правилата, Нагелсман, кој минатата недела доби позитивен тест на Ковид-19, мора да помине 14 дена во карантин. Но, доколку добие негативни два теста на стартот на следната седмица, ќе може да излезе од карантин.
Со евентуална победа во вторник на домашен терен против Бенфика, Баерн Минхен би обезбедил пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, бидејќи моментно води во групата Е со девет бода од три натпревари.
Лидерот во Бундес – лигата нема да може да смета на 34-годишниот тренер на денешното гостување кај Унион Берлин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal