Connect with us

Јувентус го “блиндира” несудениот Mакедонец, Никола Секулов со нов договор

Никола Секулов го продолжи договорот со Јувентус на уште четири години. Како што очекуваа медиумите во Италија, 19-годишниот офанзивен играч за врска денес стави потпис на нов договор до 2025 година.

Се според планираното: Јувентус ја задржа младата ѕвезда Никола Секулов. Секулов е еден од најголемите таленти на составот на Јувентус до 23 години. Тој оваа сезона настапи 13 пати во јуниорската Ц лига, постигнувајќи четири погодоци и асистирајќи еднаш.

Големата тинејџерска ѕвезда беше член на македонската репрезентација до 17 години, за која има и два настапи во 2017. Но, како резултат на некои наводни проблеми и несогласувања раководството на ФФМ, следната година, направи промена на федерациите. Моментално е член на Италија У20, но претходно играше и за У18 и У17 на “аѕурите”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови