
Барселона потврди дека Серхи Бархуан ќе ги преземе активностите во првиот тим додека клубот бара нов тренер, откако во средата го ослободи Роналд Куман од функцијата. Бархуан, човекот кој е назначен да се грижи за работите на првиот тим, беше тренер на младинците, Барса Б. Неговиот договор со вториот тим на каталонците важи до јуни 2022 година.
49-годишникот играше како лев бек за “Дрим-тимот” на Јохан Кројф во Барселона. Во сезоната 1993/94, Бархуан освои титула во Ла Лига и стигна до финалето на Европскиот куп со Барса. Сегашниот привремен тренер го носеше дресот на репрезентацијата на Шпанија 58 пати како играч, а по една деценија помината на “Камп Ноу”, тој му се приклучи на Атлетико Мадрид во 2003 година, на само три години пред да се пензионира.
Бархуан претходно беше тренер на клупската школа, “Ла Масија”, предводејќи го младинскиот тим на Барса Јувенил Б помеѓу 2009 и 2011 година, пред да продолжи да раководи со Рекреативо Хуелва во сезоните 2012/13 и 2013/14. Потоа следеше шест-месечен престој во Алмерија во 2015 година, пред да биде назначен како главен тренер на Мајорка во 2017 година.
Позицијата на новиот привремен тренер како главен тренер на првиот тим ќе заврши веднаш штом Барса ќе ангажира замена за Куман, се вели во официјалното соопштение објавено во четвртокот. Во најмала рака, Серхи Бархуан ќе го води својот тим против Алавес в сабота, а останува да се види дали тој ќе биде на тренерското столче и за дуелот од групата Е од Лигата на шампионите следниот вторник против Динамо Киев во Украина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
