Лидерот Шкупи ја растури Брегалница на Чаир во првиот меч од 12.коло во Првата фудбалска лига. Тимот на Гоце Седлоски славеше со 5-0 и ја зголеми бодовната предност во однос на конкурентите.
Матеј Цветаноски во осмата минута го отвори резултатот, а Абдул Руатубјаје по половина час игра зголеми на 2-0. Во 40.минута Сандеј Адетунџи постигна трет гол и Шкупи замина на одмор со голема предност.

Во вториот дел Марјан Алтипармаковски не успеа да реализира пенал во 55.минута, односно Кристијан Наумовски го одбрани неговиот удар. Потоа следеше и нова казна.
До крајот Шкупи постигна уште два гола. Матеј Цветаноски во 58.минута зголеми на 4-0, а четири минути подоцна Фреди Алварез со прекрасен удар од далечина го постави конечниот резултат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













