
Атлетико Мадрид го доведе Жоао Феликс како огромно засилување во трансфер вреден 126 милиони евра, но португалската ѕвезда никако да ги оправда вложените средства. Жоао Феликс го има четвртиот најголем трансфер на сите времиња, но нема постигнато гол за Атлетико Мадрид цели осум месеци.
Феликс ја започна сезоната опоравувајќи се од повредата на скочниот зглоб, но во последно време настапува во стартниот состав на тимот на Симеоне, а голови – нема.
Португалецот оваа сезона одигра три натпревари како централен напаѓач, Симеоне го ротира и како лево крило и втор напаѓач, но едноставно тој никако да проработи.
Шпанските медиуми откриваат дека Жоао Феликс има голгетерски пост од осум месеци, нема постигнато гол на 19 натпревари или вкупно 940 минути.
Последниот гол на Жоао Феликс беше постигнат на 28 февруари на првенствен натпревар против Вилјареал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
