
Францускиот прволигаш Пари Сен Жермен е во проблеми пред мечот против актуелниот шампион Лил, откако Килијан Мбапе дефинитивно отпадна за овој меч. Брзоногиот напаѓач има инфекција на увото, грлото и носот и ќе се врати на тренинзи следната седмица. Но, за проблемот на Покетино да биде поголем денеска не тренираше и Лионел Меси.
Аргентинецот има проблеми со болки во мускулите и неговиот настап против Лил е под прашање.
„Како мерка на претпазливост решивме да не тренира. Не знаеме дали Меси ќе игра против Лил, за тоа ќе одлучиме на денот на натпреварот“, изјави тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино.
И тоа не е се. Марко Верати ќе биде во аут четири недели, а Леандро Паредес е надвор од терените од поодамна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ
