
Македонскиот прволигаш Ренова излезе со нова реакција за судењето на дербито против Шкупи. „Гипсарите“ велат дека новото делегирање на судиите за наредното 12. коло на кое го нема Игор Стојчевски е доказ дека тие биле во право за лошото судење на нивна штета на Чаир.
„За сите поплаки што ги имавме за судењете на последниот натпревар против Шкупи на крајот се покажа дека сме биле во право. Според информациите со кои располагаме главниот судија Игор Стојчевски заедно со неговите помошници и четвртиот судија се казнети и не се делегирани за натпреварите следниот викенд. Рренова го загуби овој натпревар само поради тенденцијата да ни наштети, бидејќи доколку противничкиот играч беше казнет со црвен картон во 12. минута тогаш резултатот ќе беше поинаков. Бевме сигурни и пред натпреварот дека нема да имаме реално судење, но не до овој степен. Ние не бараме милост и помош, туку само правда и исправност и никогаш нема да затвориме очи пред неправдата, туку со сите методи ќе се бориме против овие негативни појави. Победниците треба да се создаваат на теренот, а не зад сцената“, информираат од Ренова.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
