Connect with us

Скаутите на Манчестер Сити фрлија око на млад српски талент од Чукарички

Манчестер Сити испратил скаути во Србија да го надгледуваат 17-годишниот играч од средниот ред на Чукарички, Бојан Ковачевиќ. Петкратиот освојувач на Премиер – лигата секогаш е во потрага по идни ѕвезди од Балканот, а досега имале голем успех при надгледувањето на фудбалери од соседството.

Претходно оваа година, Сити го доведе 18-годишниот Филип Стевановиќ од Партизан, додека Лука Илиќ се пресели на стадионот “Етихад” од Црвена Звезда во 2017 година, на тогашна возраст од 18 години. Следниот српски младинец на радарот на клубот е Ковачевиќ, кој е проценет на 5 милиони евра од неговиот клуб Чукарички, тврди српски “Моцарт Спорт”.

Во извештајот се додава дека Аталанта, Салцбург, Бордо и Парма се исто така заинтересирани за потписот на талентираниот фудбалер по неговиот пробив во српската Суперлига. Ковачевиќ, досега има одиграно пет од последните шест натпревари на неговиот тим, помагајќи им да се сикаќат на третата позиција на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови