
Директорот на Фиорентина, Џо Бароне, нема да стои на патот доколку некој клуб се обиде да го доведе Душан Влаховиќ во јануари. Српскиот напаѓач нема да го продолжи договорот со “виолетовите” што му истекува во јуни 2023 година и се шпекулира дека клубот од Серија А би можел да го продаде во зимскиот преоден рок.
“Тешко е да се навлегуваме во детали, имаме цела сезона пред нас. Остануваат многу натпревари до јануари, ние сме многу внимателни на трансфер пазарот и внимаваме на сите позиции, не само на нападот. Влаховиќ е дел од тимот, тој донесе одлука и веќе се подготвуваме за иднината”, изјави Барона на прашањето дали Фиорентина размислува за живот по младиот напаѓач.
Влаховиќ е една од најголемите перспективи на трансфер пазарот, со оглед на тоа што 21-годишната ѕвезда во подем е посакуван од безброј елитни тимови како Јувентус, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен. Се верува дека Французите водат во трката за неговиот потпис, како замена за Килијан Мбапе, кој се очекува да му се приклучи на Реал Мадрид идното лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
