ФК Вардар преминува во ново сопствеништво, по продавањето на акциите на клубот за сума од 32.500 евра. Со ова, поранешниот сопственик, Сергеј Самсоненко продал 100 акции по цена од 20.000 денари, односно за севкупна сума од 2 милиони денари.
Новиот сопственик на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој за првпат во својата долгогодишна историја игра во Втора лига, сè уште не е познат. Иако, без разлика на ова, веќе подолго време, во медиумите се спомнува името на компанијата “Блу Скај“.
Во преминот на клубот од старото во новото раководство, не изостануваат и долговите, па така новиот сопственик го наследи долгот од 3 милиони евра на “црвено-црните”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













