
Францускиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Лукас Хернандез (25) се спаси од затворска казна. Регионалниот суд во Мадрид ја усвои жалбата на ѕвездата на Баерн за налогот за апсење и ја суспендираше шестмесечната затворска казна што му беше изречена.
Хернандез ќе мора да плати 96.000 евра и не смее да го повтори делото во Шпанија во наредните четири години. Тоа и нема да биде така тешко, ако се знае дека сега настапува во Германија.
Хернандез ќе мора да плати 240 дневни тарифи од по 400 евра што и нема да му биде така тешко со оглед на неговата заработка. Французинот на бизарен начин и заврши на суд во Мадрид.
Тој и неговата партнерка имале силна расправија на улица во Мадрид при што биле приведени во полиција. Сепак, многу брзо биле ослободени, а потоа заминале на меден месец. Лукас Хернандез не се јавил на следното соочување во судот и постапката течела, па обвинителството за него побара шестмесечна затворска казна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
