
Работнички го заокружи првиот круг од шампионатот во Првата фудбалска лига со пораз (2-0) од актуелниот првак Шкендија во Тетово. Но, и покрај тоа, младиот тим на Работнички веројатно на ова гостување го прикажа најквалитетното издание оваа сезона.
„Доживеавме пораз од Шкендија, но ако го погледнеме изданието на тимот во целина, тоа е можеби најквалитетниот меч на Работнички оваа сезона. Има многу позитивни моменти, би сакал да продолжиме со таква игра и на наредните натпревари и верувам дека ќе дојдат многу подобри резултати“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо за официјалниот сајт на клубот.
Во следното 12. коло, Работнички в сабота ќе му гостува на Борец во Велес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
