
Македонија ЃП ремизираше (2-2) на пријателскиот натпревар со бугарскиот Пирин Благоевград кој се одигра во Анталија.
Во главно израмнет дуел, бугарскиот состав поведе уште во 9. минута од средбата, но „лавовите“ израмнија во 20. минута по корнерот од десната страна и одличната реакција на Тантуровски на вториот дирек. Во второто полувреме „лавовите“ поведоа со 1-2 со прекрасен погодок на Петров со шут од 20 метри во 47. минута, но противникот израмни до крајот на дуелот.
Охрид, пак, славеше со 1-3 на дуелот против Караорман во Струга. Струшките „црвено бели“ на стартот од натпреварот поведоа со 1-0. Стрелец на погодокот беше Ивица Ќелешоски. Охридските фудбалери од многуте шанси за изедначување во првиот дел искористија само една, во 45. минута кога Бурхан Алији биеше силно и прецизно од голема далечина и со помош од одбранбениот блок го матираше голманот на Караорман.
Во 60. минута Игор Клечкароски донесе водство од 1-2 за Охрид, а конечните 1-3 ги постави Ален Максути.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
