Реал Мадрид успеа да слави против Барселона (1-2) во големото дерби „Ел Класико“ освојувајќи го „Камп Ноу“ кој вечерва беше исполнет со максималниот капацитет. На стадионот имаше 86.422 гледачи, а најголемиот дел од нив останаа разочарани затоа што се симпатизери на Барселона. Давид Алаба и Лукас Васкез беа стрелци за „кралевите“, а Серхио Агуеро во последните мигови стрелаше за Барселона.
Давид Алаба го постигна првиот гол во дресот на Реал Мадрид по доаѓањето од Баерн Минхен и не можеше да избере поубав момент. Во 32.минута го совлада Марк Андре Тер Штеген со силен и прецизен удар откосо од левата страна.

Роналд Куман го доживеа третиот последовен пораз на „Ел Класико“ и го израмни неславниот рекорд стар 85 години, а Карло Анчелоти го врати Реал Мадрид на победнички патеки откако немаше триумф на последните два меча во Ла Лига.
„Кралевите“ одиграа тактички совршен меч, а Барселона може да жали за колосалната шанса на Сержињо Дест непосредно пред погодокот на Алаба.
Во завршницата, Барса со сите сили тргна во напад, а тоа ривалот го искористи за противнапад и втор гол. Мрежата на Тер Штеген ја погоди Лукас Васкез во 94.минута. Каталонскиот тим постигна почесен погодок преку Серхио Агуеро во седмата минута од судиското продолжение.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













