
Барселона на „Камп Ноу“ го пречекува најголемиот ривал Реал Мадрид во популарното „Ел Класико“. Пред тренерот на каталонскиот тим Роналд Куман е голем предизвик, со оглед дека поради лошиот старт на сезоната подог период му виси работното место.
Статистиката е безмилосна и вели дека Куман во случај на пораз би можел да израмни нов негативен рекорд кој е стар 85 години. Имено, холандскиот стручњак ги загуби претходните два дуели на „Ел Класико“, а доколку го загуби и третиот во низа, ќе се израмни со Патрик О’ Конел, единствениот тренер на Барселона кој забележал три последователни порази од Реал Мадрид, неславен рекорд од далечната 1936 година.
Сепак, Куман е оптимист и истакнува дека императив на Барселона е победа.
„Сакаме да победиме на домашен терен. Се надевам на голема поддршка од гледачите. Ова е еден од поважните натпревари иако ни претстои долга сезона. Мораме да покажеме дека сме на вистинскиот пат и да го отвориме дуелот храбро и со желба за победа“, изјави Куман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
