
Италијанскиот стратег Антонио Конте ја одби понудата на Њукасл, затоа што сака да се врати во Премиер – лигата, но има конкретна цел. Тој реши да не избрзува и го чека вистинскиот момент да се врати на голема врата, а најголема желба му е – Манчестер Јунајтед!
Медиумите на Апенините откриваат дека Конте сака да биде на клупата на Јунајтед за да докаже дека е меѓу најдобрите тренери во светот. Италијанецот се повеќе се поврзува со „Олд Трафорд“, бидејќи Оле Гунар Солскјер е на удар на критичарите.
Англиските медиуми велат дека Конте е докажан победник, дека моментално е без клуб и дека е многу атрактивен кандидат доколку раководството конечно реши да му даде отказ на Солскјер.
Конте е „тежок“ за соработка, тоа го докажа во секој клуб каде работеше, Јувентус, Челси и Интер, но исто така и со сите беше шампион.
Доколку Манчестер Јунајтед го загуби дербито од Ливерпул, тогаш можно е сериозно да се затресе столчето на Солскјер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski