
Јане Николоски, кој го замени Борче Христов на клупата на Борец, е свесен во каква ситуација е велешкиот клуб во моментот, и иако ПМФЛ е изедначена, главната цел на Борец е опстанокот во највисокиот ранг на натпреварување.
“Сигурно дека Борец не е во некоја сјајна ситуација во моментов, бодовното салдо е такво какво што е и реалноста е таа. Мое како нов шеф на стручниот штаб со помошниците е да гледаме тие работи кои се добри, а имаше добри работи и со поранешниот тренер, да ги подигнеме, а помалку добрите работи кои исто така постоеја, да ги поправиме. Екипата горе-долу ја знам, не е лоша.
“Мое генерално мислење е дека кај нас во Македонија две екипи се истакнуваат и отскокнуваат од сите, а со другите може да се надигруваш. Со секого можеш да победиш, со секого можеш да изгубиш. Со малку спортска среќа можеме до подобри резултати, друга цел нема освен опстанокот, сето друго да се каже сега би било нереално. Сите ќе бидеме задоволни ако успееме да ја зацртаме целта која не е неостварлива. Ништо не е изгубено и не е далеку.
“Прв заеднички натпревар ни е против Академија Пандев предводена од Александар Васоски, тоа е екипа која во овој момент е фаворит, по табелата мора да ја препуштиме таа улога. Меѓутоа и ние имаме свој квалитет и веруваме во нас, иако немавме доволно време за подготовки, но сепак, се одиграа два квалитетни меча“, ни изјави Николоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
