Connect with us

ВИДЕО: Милан Ристовски одблиску го следеше хаосот меѓу фановите на Спартак Трнава и Слован Братислава

Дерби натпреварот на словачкото фудбалско првенство меѓу Спартак Трнава и Слован Братислава беше прекинат во 15. минута поради упад на навивачите на двата тима во теренот. По речиси 20 минути обезбедувањето успеа да ги врати хулиганите на трибините, а потоа полицијата го испразни делот од трибините каде беа гостинските навивачи. По пауза која траеше повеќе од половина час, судијата го прекина натпреварот, а датумот на новиот дуел се уште не е познат.


Сето ова одблиску до гледаше македонскиот репрезентативец Милан Ристовски кој е член на Спартак Трнава.
На крајот, полицијата ги спроведе навивачите на Слован до железничката станица во Трнава, каде што се качија на возот за Братислава.

По десеттото коло на словачкото првенство, Спартак Трнава и Слован Братислава ја делат првата позиција со по 21 бод.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови