Македонскиот интернационалец Иван Тричковски го продолжи договорот со кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака. Тој ќе остане дел од тимот до 2024 година.
Најдобриот клупски стрелец и капитен, со задоволство прифати продолжување на соработката.
„Покажавме повторно и повторно доверба и почит во нашите релации и јас сум многу, многу горд, привилегиран и ми претставува голема чест да останам тука до 2024 година. Тоа беше посебен и единствен момент за мене и за тимот, бидејќи би рекол дека немаше формални преговори. Тоа беше само отворена и искрена дискусија за сегашноста и иднината. Беше многу лесно да се постигне договор. Му се заблагодарувам на претседателот и на другите членови на одборот на АЕК Ларнака“, изјави Иван Тричковски за официјалниот сајт на клубот.
Тој го носи дресот на АЕК Ларнака од јануари 2016 година и досега постигна вкупно 119 голови (89 во лигата, 10 во Купот, 20 во Европа), бројки што го сместуваат на врвот на листата на стрелци во клупската историја, но и на сите кипарски тимови во европските натпреварувања.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski