
Хрватска потклекнува во трката за пласман на мундијалот во Катар откако на домашен терен одигра само 2-2 против Словачка. Русите ја совладаа Словенија на гости со 1-2, па сега се на врвот во групата. Дивејев и Џикија беа стрелци за „зборнаја“.
Шранц погоди за Словачка, но Хрватите израмнија преку Крамариќ. Сепак, Словаците заминаа на одмор со предност со голот на Хараслин во 45.минута. Лука Модриќ израмни во 71.минута, но „коцкестите“ не најдоа простор за уште еден, победнички погодок.
Александру Митрица го постигна победничкиот гол за Романија (1-0) на дуелот против Ерменија во групата каде што се наоѓа и Македонија. Сега Романците се на второто место, во пресрет на последните две кола и имаат одличен распоред.
Исланд го совлада Лихтенштајн со 4-0, а Чешка со 0-2 на гости ја доби Белорусија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
