Фудбалската репрезентација на Германија вечерва ќе игра против Македонија во Скопје, а тоа во нашата престолнина привлече голем број познати фудбалски фаци од Германија, но и од цела Европа. Еден од нив е и Штефан Фројнд, поранешниот германски репрезентативец кој сега работи како телевизиски аналитичар.
Тој ја искористи посетата на Скопје и за автентично селфи, и тоа пред еден од графитите на ФК Вардар на кејот.
Штефан Фројнд во кариерата играше за Шалке 04, збратимениот клуб на Вардар, како и за Борусија Дортмунд и за Тотенхем. За Германија има 21 настап.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski